Управата за теснецот во Персискиот залив на Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД го контролираат Ормутскиот теснец.
“Тврдењата на американски опфицијални лица дека Ормутскиот теснец веќе не е блокиран се лага. Ормутскиот теснец останува блокиран и нема да биде отворен се додека не бидат прифатени условите на Иран“ се наведува во соопштението на Техеран.
Американскиот претседател Доналд Трамп ба својата социјална мрежа „Трут Соушал“ објави дек САд имаат „целосна контрола“ врз Прмутскиот теснец и наведе дека Иран не може ништо да стори во врска со ова.
Слични новости
САД издвојуваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп.
Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената
Нафтата Брент доближува 100 долари за барел
Брент нафтата на денешните берзи се трува за 98 долари за барел и се прибличува до границата од 100 долари, која беше надмината во март годинава на почетокот на конфликтот меѓу САД и Иран. Нападите на Хутите врз танкери во Црвеното море, заедно со намалените изгледи за мир со Иран ги туркаат цените на нафтата нагоре.
Виктор Орбан ја обвини новата унгарска влада за „тиранија“
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските обвинители ги заплениле серверите на неговата партија „Фидес“ и ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем, повикувајќи ги своите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“.


