Најмалку едно лице е убиено во напад врз два танкери за нафта во Персискиот Залив, соопштија ирачките власти. Танкерите беа погодени во близина на пристаништето Ум Каср во јужен Ирак.

Ирачките власти соопштија дека меѓу вкупно 38 членови на екипажот од двата танкера, едно лице загинало.

Првичната истрага на ирачките безбедносни претставници покажа дека бродови натоварени со експлозиви од Иран ги погодиле двата танкери, објавија Ројтерс и Си-Ен-Ен.

Нападот, кој се случи во ирачките територијални води, претставува кршење на суверенитетот на земјата, изјави портпарол на ирачката армија.

Шест бродови беа испратени да им помогнат на екипажите на двата нападнати танкери, рече тој.

Неколку други бродови во водите на Персискиот Залив беа нападнати со ракети, објавија поморските власти.

Цените на нафтата повторно скокнаа и поради новите ирански напади врз танкери и затворањето на Ормутскиот теснец.

 

Слични новости

Нови израелски напади врз Бејрут

Нови израелски напади врз Бејрут

Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, централен Бејрут. Големи облаци чад се издигаа од местото додека автомобилите минуваа покрај него.

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел