Најмалку едно лице е убиено во напад врз два танкери за нафта во Персискиот Залив, соопштија ирачките власти. Танкерите беа погодени во близина на пристаништето Ум Каср во јужен Ирак.
Ирачките власти соопштија дека меѓу вкупно 38 членови на екипажот од двата танкера, едно лице загинало.
Првичната истрага на ирачките безбедносни претставници покажа дека бродови натоварени со експлозиви од Иран ги погодиле двата танкери, објавија Ројтерс и Си-Ен-Ен.
Нападот, кој се случи во ирачките територијални води, претставува кршење на суверенитетот на земјата, изјави портпарол на ирачката армија.
Шест бродови беа испратени да им помогнат на екипажите на двата нападнати танкери, рече тој.
Неколку други бродови во водите на Персискиот Залив беа нападнати со ракети, објавија поморските власти.
Цените на нафтата повторно скокнаа и поради новите ирански напади врз танкери и затворањето на Ормутскиот теснец.
Слични новости
Одеса најтешко погодена во ноќен руски напад со над 200 дронови
Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени
Трамп најавува намалување на американските војници во Германија
САД разгледуваат дали да го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија, објави Доналд Трамп. Ова следува неколку дена откако...
Америка досега потроши 25 милијарди долари за војната во Иран
Пентагон проценил дека досегашните трошоци од војната против Иран достигнале околу 25 милијарди долари, но во таа пресметка не е се вклучени евентуалните расходи за обнова на оштетените американски воени бази во регионот.


