Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи во Персискиот Залив, освен ако не биде нападнат од тие земји.
Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји – рече Пезешкијан во говорот емитуван на државната телевизија.
Тој им се извини на соседните земји што ги нападна Иран, наведувајќи дека барањето на Соединетите Американски Држави за безусловно предавање на Техеран е „сон што треба да го однесат со себе во гроб“.
САД и Израел го нападнаа Иран пред седум дена, во саботата, на 28 февруари, на што Техеран одговори со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток.
Слични новости
Трамп: Иран сака да постигне договор со САД за нуклеарна програма
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Иран сака да постигне договор со САД околу својата нуклеарна програма.
Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Канада
Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.
Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија
Новиот план е отворена објава на војна на Унгарија. Тие се потсмеваат на одлуката на унгарскиот народ и сакаат да ја отстранат унгарската влада од патот по секоја цена.