Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи во Персискиот Залив, освен ако не биде нападнат од тие земји.

Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји – рече Пезешкијан во говорот емитуван на државната телевизија.

Тој им се извини на соседните земји што ги нападна Иран, наведувајќи дека барањето на Соединетите Американски Држави за безусловно предавање на Техеран е „сон што треба да го однесат со себе во гроб“.

САД и Израел го нападнаа Иран пред седум дена, во саботата, на 28 февруари, на што Техеран одговори со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток.

 

Слични новости

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро и ги уверувал дека војната во Персискиот залив нема долго да трае.

Се урна американски воен авион во Ирак

Се урна американски воен авион во Ирак

Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.