Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.

Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите за офшор купувања на иранска нафта за 30 дена, нагласувајќи дека тоа ќе ослободи околу 140 милиони барели на глобалните пазари и ќе го намали притисокот врз снабдувањето со енергија предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.

Сепак, аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец останува затворен.

 

Слични новости

Златото собори нов рекорд

Златото собори нов рекорд

Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото што резултира со постојано кревање на цената на златото.