Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.
Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите за офшор купувања на иранска нафта за 30 дена, нагласувајќи дека тоа ќе ослободи околу 140 милиони барели на глобалните пазари и ќе го намали притисокот врз снабдувањето со енергија предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.
Сепак, аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец останува затворен.
Слични новости
Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка
Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.
Кина ги намалува царините на млечните производи од Европската унија
Кина сега предлага царини од 11,7 насто, што е драстично намалување во однос на најавите во декември дека ќе воведе царини од 42,7 насто за млечните производи од ЕУ.
МОЛ влезе во стратегиско партнерство со либиската национална корпорација НОЦ
Од особено значење ќе биде можноста за развој на нафтените полиња во Либија и снабдувањето со сирова нафта.