Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.

Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите за офшор купувања на иранска нафта за 30 дена, нагласувајќи дека тоа ќе ослободи околу 140 милиони барели на глобалните пазари и ќе го намали притисокот врз снабдувањето со енергија предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.

Сепак, аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец останува затворен.

 

Слични новости

Орбан разговарал со Рубио за условите под кои унгарски МОЛ би го купил српскиот НИС

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио за условите под кои унгарската нафтена компанија МОЛ би можела да ја купи српската рафинерија НИС

САД ги намалија царините за тајванските чипови на 15 насто

САД и Тајван потпишаа трговски договор според кој Вашингтон ќе ги намали тарифите за тајванската стока на 15%, додека Тајпеи се обврза на план за елиминирање или намалување на тарифите за речиси сите американски стоки.