Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.
Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите за офшор купувања на иранска нафта за 30 дена, нагласувајќи дека тоа ќе ослободи околу 140 милиони барели на глобалните пазари и ќе го намали притисокот врз снабдувањето со енергија предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.
Сепак, аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец останува затворен.
Слични новости
Цената на нафтата скокна за повеќе од 3 насто поради страв од конфликт меѓу САД и Иран
Цената на американската сирова нафта порасна за 3,19 насто на 64,32 долари по барел, а нафтата Брент поскапе за 3,03 насто на 69,49 долари по барел.
Венецуела би можела во 2026 да го зголеми производството на нафта за 40 насто
Таквиот раст би значел дополнителни 300-4000 000 барели нафта дневно, што би изнесувало дури една третина од очекуваното глобално зголемување на побарувачката за нафта во 2026.
Инфлацијата во Велика Британија падна на 3 насто во јануари
До тоа дојде пред се благодарение на пониските цени на бензините и забавувањето на поскапувањето на храната, објавува Гардијан.