Иран ја потврди смртта на Али Лариџани, секретар на врховниот совет за национална безбедност. Според соопштението објавено од врховниот совет за национална безбедност на Иран, Лариџани е убиен заедно со неговиот син Мортеза Лариџани и шефот на неговата канцеларија, Алиреза Бајат, како и неколку нивни телохранители.
Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран.
Како секретар на Советот за национална безбедност, тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел, според неодамнешна анализа на Би-Би-Си.
По атентатот врз врховниот лидер Али Хамнеи на 28 февруари, Лариџани зазеде пркосен став, велејќи дека Иран е подготвен за долготраен конфликт. Неговата смрт се случува во услови на поширока кампања во која неколку високи ирански функционери беа убиени за краток временски период, што укажува на обид за ослабување на лидерството во земјата за време на војната.
Слични новости
Хезболах: Преговорите на либанската влада со Израел се национален грев
Состанокот меѓу Израел и Либан што го организираше американскиот министер за надворешни работи Марк Рубио е прв директен разговор меѓу Израел и Либан во последните 10-години.
Мицкоски изјави дека има чувство дека ќе бидат гонети поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски роднини
Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство, изјави Мицкоски
Четири убиени лица, 20 повредени – ново пукање во училиште во Турција
Четири лица загинаа, а 20 се повредени кога средношколец денеска отвори оган во училиште во југоисточната турска провинција, Караманмарас


