Иран ја потврди смртта на Али Лариџани, секретар на врховниот совет за национална безбедност. Според соопштението објавено од врховниот совет за национална безбедност на Иран, Лариџани е убиен заедно со неговиот син Мортеза Лариџани и шефот на неговата канцеларија, Алиреза Бајат, како и неколку нивни телохранители.
Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран.
Како секретар на Советот за национална безбедност, тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел, според неодамнешна анализа на Би-Би-Си.
По атентатот врз врховниот лидер Али Хамнеи на 28 февруари, Лариџани зазеде пркосен став, велејќи дека Иран е подготвен за долготраен конфликт. Неговата смрт се случува во услови на поширока кампања во која неколку високи ирански функционери беа убиени за краток временски период, што укажува на обид за ослабување на лидерството во земјата за време на војната.
Слични новости
Тројца починати од Ханта вирус на холандски крузер во Тихиот океан
Три лица починаа откако на холандски крузер се појавил Ханта вирус, вирус што потекнува од глодари, кој може да предизвика фатални респираторни заболувања.
Падна цената на нафтата откако САД најавија акција на солбодување на заглавените бродови кај Ормутскиот теснец
Фјучерсите за суровата нафта утрово паднаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе премине на „ослободување“ на заглавени товарни бродови во Ормускиот теснец и посочи на напредок во преговорите со Иран иако Техеран го одбива планот.
Иранските сили ја предупредија американската морнарица да не влегува во Ормутскиот теснец
Иранските воени сили денеска ја предупредија американската морнарица да не влегува во Ормутскиот теснец, откако САД најавија дека денеска ќе започнат акција на ослободување на бродовите кои се заглавени во Ормутскиот теснец.


