Ирански нафтен танкер денеска е погоден со четири американски проектили во близина на островото Харк во Персискиот залив, пренесуваат иранските медиуми.
Иранската официјална агенција „Тасним“ наведе дека иранскиот танкер бил мета на американски напад на околу шест наутички милји од островото Харк. Според асгенцијата, нападот се случил во утринските часови, а во регионот на островото Харк се слушнале повеќе силни есплозии.
Според локални извори во нападот немало загинати, а посадата е евакуирана од танкерот.
Инцидентот се случува во момент кога односите меѓу Вашингтон и Техеран повторно се драматаично влошени, со продолжување на воените операции и притисок на САД врз иранскиот извоз на нафта.
Островото Харк претставува едно од најзначајните средишта на иранскиот извоз на нафта и секој напад во неговата близина носи ризик од дополнително пореметување на снабдувањето со нафта и нов раст на тензиите во Перискиот залив.
Слични новости
Грција го забрани пристапот на социјални мрежи за деца до 15 години
Грчкиот парламент усвои закон со кој на децата помлади од 15 години им се забранува користењето на платформите на социјалните мрежи, а забраната ќе стапи во сила на 1-ви јануари следната година, пренесуваат грчките медиуми.
Тепачка меѓу пратениците во албанскиот Парламент
Инцидентот се случи на десеттиот ден од протестите во Албанија, за време на кои демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама.
САД наредија итна евакуација на амбасадите во Персискиот залив
САД наредија повлекување на дел од дипломатскиот персонал и на нивните семејства од Саудиска Арабија и подготвуваат слични мерки во другите земји од Персискиот Залив.


