Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан смета дека неодамнешниот меморандум за разбирање со САД е најдобар начин за надминување на ситуацијата која ја опиша како  „ниту војна ниту мир“.

Договорот познат како Меморандум за разбирање што американскиот претседател Доналд Трамп и Пезешкијан го потпишаа во јуни траеше 60 дена за завршување на војната со Иран и постигнување договор за неговата нуклеарна програма.

Тој период истече минатата недела, а двете страни не се блиску до договор, особено околу повтроното отварање на Ормутскиот теснец.

 

 

Иако нагласи дека Техеран нема намера да се повлече пред своите противници, Пезешкијан го поврза договорот и со економските перспективи на Иран, велејќи дека земјата не може да привлече инвестиции во оваа застојана фаза.

Речиси шест месеци по почетокот на војната со САД и Израел, иранската економија страда под санкции и поморска блокада што ѝ го отежнува извозот на нафта, нејзиниот највреден производ.

 

Слични новости

Хутите ја засилуваат контролата врз Баб ел Мандев – зазедоа уште еден стратешки остров во јужното Црвено Море

Хутите ја засилуваат контролата врз Баб ел Мандев – зазедоа уште еден стратешки остров во јужното Црвено Море

Хутите зазедоа уште еден стратешки важен остров во јужното Црвеното Море, соопштија нивните претставници, а потврда на таквата информација дојде и од владата во Сана. На тој начин, јеменските бунтовници дополнително ја засилија контролата над поморската рута Баб ел Мандеб.