Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан смета дека неодамнешниот меморандум за разбирање со САД е најдобар начин за надминување на ситуацијата која ја опиша како „ниту војна ниту мир“.
Договорот познат како Меморандум за разбирање што американскиот претседател Доналд Трамп и Пезешкијан го потпишаа во јуни траеше 60 дена за завршување на војната со Иран и постигнување договор за неговата нуклеарна програма.
Тој период истече минатата недела, а двете страни не се блиску до договор, особено околу повтроното отварање на Ормутскиот теснец.
Иако нагласи дека Техеран нема намера да се повлече пред своите противници, Пезешкијан го поврза договорот и со економските перспективи на Иран, велејќи дека земјата не може да привлече инвестиции во оваа застојана фаза.
Речиси шест месеци по почетокот на војната со САД и Израел, иранската економија страда под санкции и поморска блокада што ѝ го отежнува извозот на нафта, нејзиниот највреден производ.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.
