Иранската војска ги повика граѓаните да останат внимателни и единствени за да ги спречат обидите на странски заговори за дестабилизација на Иран и предизвикување нереди во земјата.

Во соопштението на иранската војска се наведува дека непријателите „со поддршка на злосторничкиот израелски режим“ и терористички групи, настојуваат да го нарушат дерот и јавната безбедност во градовите и да предизвикаат хаос и немири.

Протестите во Иран избувнаа поради растот на цените и влошувањето на животниот стандард, откако вредноста на националната валута падна на рекордно ниско ниво. Протестите се најголеми демонстрации во Иран по 2022 кога Махсе Амини беше убиена во полицијата за морал, поради наводно кршење на правилата за облекување.

 

Слични новости

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро и ги уверувал дека војната во Персискиот залив нема долго да трае.

Се урна американски воен авион во Ирак

Се урна американски воен авион во Ирак

Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.