Годишната стапка на инфлацијата во Франција забрза во октомври на 3,4 од септемвриските 3,1 насто, што е највисока стапка на инфлација од јануари 2024, покажува денеска објавениот извештај на Националниот институт за статистика на Франција.

Растот на цената на енергијата забрза четврти месец по ред, првенствено поради гасот и нафтените деривати, од септемвриските 21,3 , на 24,1 меѓугодишно.

Забрза инфлацијата и во секторот на услугите од 2,4 на 2,6 насто под влијание на повисоките цени на смештајот и превозот.

Според индексот на потрошувачките цени во земјите на ЕУ кој овозможува споредба на инфлациите, годишната инфлација во Франција изнесува 3,7 насто.

Слични новости

Рускиот дизел сепак не стигнува до Америка

Рускиот дизел сепак не стигнува до Америка

Третиот танкер со руски дизел го смени курсот и се откажа од пловидбата кон САД, со што е доведено во прашање испораката на горивото договорена меѓу претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин.