Претседателот на американските сојузни резерви ФЕД Нил Кашкари изјави дека инфлацијата во САД и натаму е превисока и дека влијае врз различни гранки на економијата, а не само на цените на нафтата.

Дури и ако се изземе цената на енергентите која е многу променлива, како и храната која е многу важна, од аспект каде се движи економијата, инфлацијата е и натаму превисока изјави Кашкари за Фокс њуз.

Тој најави дека американската централна банка ќе ги употреби сите механизми за инфлацијата да се врати на попосакувано ниво.

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.