Годишната стапка на инфлацијата на цените на потрошувачка во Велика Британија е намалена на три насто во јануари, објави денеска британската Канцеларија за национална статистика.
До тоа дојде пред се благодарение на пониските цени на бензините и забавувањето на поскапувањето на храната, објавува Гардијан.
Стапката на инфлација претставува пад во однос на 3,4 што беа забележани во декември и е во согласност со предвидувањата на берзите.
Слични новости
Голем пад на цените на акциите на светските берзи
Индексот Eurostoxx 50, кој ги следи водечките европски акции, како и германскиот индекс DAX, денеска се во пад од повеќе од три проценти, додека британскиот FTSE беше понизок за околу 1,7 проценти.
Србија го забрани извозот на нафтата и сите нафтени деривати
Забраната се однесува на извозот на дизел, бензин и сирова нафта за сите видови транспорт до 19 март, по што натаму ќе се носат одлуки
Почна светска криза: Нафтата достигна цена од 118 долари за барел
Цените на нафтата денеска стигнаа до 118 долари по барел, поради пореметувањата во снабдувањето. Цената на нафтата за прв пат е повисока од 100 долари по барел од почетокот на војната во Украина во 2022.


