Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА Џани Инфантино предложи независна проценка за начинот со кој се управува со светската фудбалска организација.
Во писмото упатено до членовите на советот на ФИФА, во кое Би Би Си имаше увид и кое е проследено до сите фудбалски сојузи Инфантино предложи две реформи за кои би требало да се разговара следниот месец.
Инфантино е под се поголем притисок поради неговите предлози за продажба на дел од натпреварувањата под закрилата на ФИФА на приватни инвеститори.
По жестоките критики Инфантино се откажа од идеката, но ја загуби поддршката од УЕФА икоја бара на сите 211 членки на ФИФА Инфантино да им испалти по 10 милиони евра од заработката.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
