Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација, Џани Инфантино, во понеделник изјави дека за 15 дена се примени 150 милиони барања за билети за Светското првенство во 2026 година, кое ќе го организираат САД, Канада и Мексико.
„Имаме достапни шест до седум милиони билети, а за 15 дена добивме 150 милиони барања. Тоа значи дека би добивале просечно десет милиони барања секој ден. Во речиси сто години од постоењето на Светското првенство, продадени се вкупно 44 милиони билети, па се покажува дека побарувачката за билети за претстојното Светско првенство опфаќа период од 300 години. Тоа е лудо, тешко е да се замисли, но ја покажува важноста на Светското првенство во фудбалот“, рече Инфантино на Светскиот спортски самит во Дубаи.
Тој истакна дека најмногу барања за билети дошле од САД, по што следат Германија и Обединетото Кралство.
Здруженијата на навивачи ја критикуваа високата цена на билетите, бидејќи цените беа неколку пати повисоки отколку на последното Светско првенство во Катар. После тоа, ФИФА одлучи да продаде одреден број билети по цена од 60 долари.
„Приходот генериран од Светското првенство, кој вклучува продажба на билети, ќе се врати во фудбалските заедници низ целиот свет. Да не беше ФИФА, немаше да има фудбал во 150 земји“, рече Инфантино.
Слични новости
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.


