Фудбалерите на Интер од Мајами го освоија Северноамериканскиот куп на шампиони, откако на домашен терен го победија со 2:0 првакот на Макесико Круз Азул .
Фудбалерите на Интер од Мајами за прв пат во историјата на клубот го освоија Купот на шампиони што е дуел меѓу шампионот на американската МЛС лига и првакот на Мексико.
Интер поведе во 24-тата минута со голот на Лионел Меси, а вториот гол го постигна Бразилецот Каземиро во 81-та минута од натпреварот.
Меси денеска го постигна својот јубилеен 100-ти гол во дресот на клубот од Мајами.
Слични новости
Тибо Куртоа ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид
Куртоа ќе потпише за Реал Мадрид до летото 2028, кога ќе наполни 36 години и ќе заокружи полна деценија во кралскиот клуб од Мадрид. Куртоа дојде на Сантјаго Бернабе во 2018 и со клубот освои три титули во Шпанија и две титулуи европски шампион.
Ковентри го декласираше Њукасл со 4:1
Фудбалерите на Ковентри синоќа на свој терен го победија Њукасл со 4:1 во последниот натпревар од шестото коло на Премиер лигата. Њукасл е на 11-тото место на табелата на Премиер лигата со 8 бодови, додека Ковентри е на 14-тото место со шест.
Панатинаикос под водство на Жељко Обрадовиќ засега неприкосновен во Евролигата
Екипата на атински Панатинаикос кој на почетокот на сезоната ја доведе легендата на овој клуб со кого има освоено најмногу трофеи Жељко Обрадовиќ, продолжува со уверливите настапи во Евролигата.


