Интер е подготвен да испрати понуда до Реал Мадрид за нивниот втор голман Украинецот Андреј Лунин, откако е сигурно дека голманот на Интер Јан Зомер по завршувањето на сезоната го напушта клубот.

Лунин дојде во Реал Мадрид уште во 2018, а потоа беше на позјамица во Леганес, Ваљадолид и Овиедо, асе врати во Реал Мадрид во 2020, но нема вистинска шанса покрај првиот голман на клубот Тибо Куртоа. Тој порача дека сака да замине во голем клуб и да биде прв голман, а Интер затоа е идеална дестинација.

Цената на Лунин на трансфаермарект е проценета на 15 милиони евра, но се претпоставува дека Интер ќе мора да плати повеќе за замената на Куртоа.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено