Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат ја затворија мензата во „Рек Битола“ поради сомневања за труење со храна. Велат така ќе остане се до добивање на конечни резултатите.

Од центарот за јавно здравје ги анализираат мострите од површините, а направена е и епидемиолошка анкета.

Телма информираше дека повеќе од 80 вработени во Рек Битола побарале лекарска помош во клиничката болница во Битола поради стомачни тегоби, предходно конзумирале лазањи со сос во работничката менза на неколку лица им била дадена инфузија, а едно лице е упатено на интерно одделение, информираа вчера од клиничка болница Битола.

Комбинатот, пак, демантираше дека има масовно труење.

 

Слични новости

СДСМ денеска одржува Конгрес

Првиот човек на сдсм, Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.