Индија официјално ја претекна Јапонија и стана четврта најголема економија во светот со бруто домашен производ од 4,18 билиони долари, а се очекува до 2030 да ја претекне и Германија и да го заземе третото место.
Владата во Њу Делхи соопшти дека очекува во 2030 бруто домашниот прозивод во Индија да изнесува 7,3 билионо долари, пренесе Тајмс оф Индија.
Во вториот фискален квартал од јули до септември, економијата на Индија порасна за огромни 8,2 насто меѓугодишно, што претставува најголем раст кај големите светски економии.
Силната домашна потрошувачка и растот на приватните инвестиции се клучни двигатели на растот на индиската економија.
Слични новости
Европските берзански индекси во пораст
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, откако беше продолжен позитивниот тренд од петокот
Антонио Гутереш повика на економски пресврт и напуштањето на БДП како главна мерка на пресметка на успехот
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека сегашните економски модели го наградуваат загадувањето и трошењето на ресурсите и водат кон еколошка катастрофа.
Продажбаата на кинеската кукла Лабубу надмина 100 милиони во 2025
Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија затоа што фокусот се поместува од традиционалната етикета „прозведено во Кина“ на модерната „креирано во Кина“.


