Арон Несмит постигна 31 поен, а Квентон Џексон и Паскал Сиакам погодија клучни тројки во завршницата, во дуелот во кој ослабените Индијана Пејсерс ги победија Голден Стејт Вориорс со 114:109 во Индијанаполис.
Соочени со тим без победа кој втора ноќ со ред играше без Тајрис Халибартон, Бен Матурин, Оби Топин и ТиЏеј Меконел, Вориорс се чинеше дека се на пат кон убедлива победа кога Стефен Кари погоди тројка за водство од 104:93 на шест минути до крајот. Но, Пејсерс ја презедоа контролата потоа, користејќи серија од 9:0 да се вратат во мечот пред во завршницата Сиакам и Џексон да ја запечати победата.
Зак Лавин (31) го предводеше квартетот стрелци на Сакраменто кои постигнаа најмалку 24 поени, а Кингс ја прекинаа серијата порази со победа на гостински терен против Милвоки (135:133). Демар Дерозан (29), Домантас Сабонис (24) и Денис Шрудер (24) го заокружија квартетот на Кингс, кои погодија слободни фрлања од 35 до 40. Јанис Адетокумбо постигна 26 поени и 11 скока за Бакс.
Хјустон Рокетс ги победија Бостон Селтикс со 128:101 благодарение на Кевин Дурант (26) и Турчинот Алперен Сенгун (16 поени, 10 скока и девет асистенции). Амен Томпсон додаде 17 поени, девет скока и осум асистенции за Хјустон, кој има три победи по ред со остварувања 137, 139 и 128 поени. Бејлор Шајерман беше најдобриот стрелец на Бостон со 17 поени.
Тимбервулвс победија со 122:105 кај Хорнетс, а Џулиус Рендл постигна 30 поени за Минесота. Донте ДиВинченцо и резервистот Наз Рид постигнаа по 18 поени за Тимбервулвс, додека Руди Гобер со своите 14 поени и 15 скока беше клучен за Минесота, која постигна дури 72 поени во второто полувреме. Мајлс Бриџис постигна 18 од своите 30 поени во првата четвртина за Хорнетс, кои имаат три порази по ред.
Детроит Пистонс ги победија Далас Маверикс со 122:110 во Мексико Сити, благодарение на одличната игра на Џален Дурен, кој постигна 33 поени и 10 скока. Кејд Канингем постигна 21 поен, го израмни својот личен рекорд со 18 асистенции и имаше шест скока, со што Детроит победи по четврти пат во шест натпревари оваа сезона. Данкан Робинсон постигна 18 поени, а Аусар Томпсон имаше 15 поени и седум скока за Пистонс, кои го добија Далас со 35:17 во последната четвртина. Д’Анџело Расел погоди седум тројки и постигна 31 поен за Далас, кој беше без ѕвездата Ентони Дејвис, а Купер Флег имаше 16 поени и осум скока за Маверикс, кои погодија само 4 од 16 шута во последната четвртина.
Слични новости
Денвер го декласираше Голден Стејт со доминација на Јокиќ
Најдобар поединец на теренот повторно беше српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 26 поени, 9 скокови и 9 асистенции, но поради високата предност воопшто не влезе во игра во последната четвртина од натпреварот.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во финалето на тенискиот турнир во Атина ќе се бори за својот 101-ви трофеј во кариерата, откако во полуфиналето го совлада германскиот тенисер Јаник Ханфман со 2:0 во сетови
ФИФА ги објави кандидатите за наградата за најдобрите
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машката конкуренција за 2025 година


