Индијана Пејсерс нема центар и сака да го ангажира Хрватот Ивица Зубац кој во моментов игра за Лос Анџелес Клиперс.

За Зубац покажаа интересирање и други тимови од НБА лигата, со оглед на квалитетот на играта на високиот Хрват.

Клиперс сезонава имаат многу лош страт со само 6 победи од 24 натпревари, па менаџментот очигледно ќе мора да прави некои промени во ростерот. Еден од клучните проблеми на тимот е што главната ѕвезда Каваи Ленард постојано го мачи повреда.

Ивица Зубац оваа сезона има просек од 15,9 поени и 11,6 скока по натпревар.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.