Европските берзански индекси денеска се главно во пад, додека инвеститорите ги очекуваат податоците за инфлацијата во САД кои денеска ќе бидат објавени.

Индексот на Франкфуртската берза денеска во 10 часот падна за 0,91 насто, францускиот ЦАЦ 40 падна за 0,64 насто, а лондонскиот ФТСЕ за 0,72 насто.

Берзанските индекси на американските берзи се главно стабилни, откако синоќа Дау Џоунс затвори со пад од 0,07 насто, а НАСДАК порасна за 0,01 насто.

Нафтата Брент повторно порасна на речиси 90 долари за барел, а благ пораст има и цената на златото.

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.