Расположението на германските инвеститори во август порасна на највисоко ниво, покажуваат резултатите на центарот за економски истражувања Лајбниц. Вредноста на индикаторите што ги мерат економските очекувања во иднина за Германија изнесува 34,2 поени, што е раст од 7,9 поени во однос на јули.

Индикаторот што ја мери оценката за моменталната економска ситуација во Германија во август порасна за дури 16,5 поени.

Зголемениот оптимизам на инвеститорите се поврзува со добрите квартални резултати на германските компании и неодамнешниот пораст на извозот.

Најзабележителен раст има автомобилската индустрија, каде што очекувањата се зголемени за цели 22,2 поени.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно