Илјадници луѓе започнаа протестни маршеви во неколку француски градови меѓу кои се Кан, Лион, Марсеј и Нант, додека во главниот град Париз се најавени сериозни нереди.

Според податоците на француското министерство за образование до 10 часот денеска беа блокирани 81 средно училиште. Синдикатот на средношколците тврди дека повеќе од 1.000 училишта се во застој поради блокадите, или административните одлуки за нивно привремено затварање.

Париската полиција предупреди дека во протестните маршеви во престолнината би можеле да се инфилтрираат меѓу 400 и 600 припадници на радикалните левичарски движења, насилни демонстранти и вандали.

 

Слични новости

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија со освоени 57,56 насто од гласовите, соопшти Републичката изборна комисија на Бугарија по 100 насто пребреоени гласови. Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова и го честиташе изборот на Јотова, која стана прва жена претседател на Бугарија.

Американците масовно излегоа на избирачките места за Конгресот гласаа веќе 54 милиони луѓе

Американците масовно излегоа на избирачките места за Конгресот гласаа веќе 54 милиони луѓе

Повеќе од 54 милиони Американци веќе гласаа за изборите за Конгресот, пренесе американската телевизија Си Ен Ен. Во многу сојузни држави каде што се води неизвесна борба, бројот на рани гласови веќе го надмина нивото забележано пред четири години.