Имотот на американскиот бизнисмен Илон Маск порасна за 10 насто во само еден ден, откако светските берзи пораснаа по веста за постигнување договор меѓу САД и Иран.

Како што објави Блумберг, 500-те најбогати луѓе во светот го зголемија својот имот за еден ден за фантастични 336 милијарди долари.

Вкупната вредност на 500-те милијардери достигна 13,3 билиони долари, што претставува највисоко ниво на богатство забележано во рамките на еднодневен раст.

Блумберг објавува дека претходните дневни рекорди на раст беа значително пониски, што го прави овој скок највисок во историјата на следењето на берзите.

 

Слични новости