Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија со освоени 57,56 насто од гласовите, соопшти Републичката изборна комисија на Бугарија по 100 насто пребреоени гласови. Потпретседател на Бугарија ќе биде Кирил В’лчев.

За Анреј Ѓоров и Георги Кандев гласаа 39,48 насто од избирачите, а 2,95 насто од гласачите не дале никому поддршка.

Јотова победи со поддршка на партијата на премиерот Румен Радев кој неодамна убедливо победи на парламентарните избори.

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова и го честиташе изборот на Јотова, која стана прва жена претседател на Бугарија.  

Слични новости