Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека израелските воени сили нема да се повлечат од јужен Либан, дури и ако постои американско барање за такво нешто.
„200.000 жители на Либан нема да се вратат. Во безбедносните зони имаше бомби и напади врз војниците и тоа Израел нема да го дозволи “ порача Израел Кац. Тој рече дека израелските трупи во Либан немаат никакво ограничување да дејствуваат во елиминирањето на заканите врз нивнит единици.
Претходно израелската влада рече дека договорите меѓу САД и Иран кои се однесуваат на Либан и Израел, за владата во Тел Авив немаат никакво обврзувачко дејство, затоа што Израел е суверена држава.
Слични новости
Русија изврши голем ракетен напад врз Киев
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.
Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД
Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.
Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај
Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.


