Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Ердоган ја вовлекува Турција во „опасна авантура во Сирија“, откако израелските сили оваа недела бомбардираа сириска воздухопловна база поради натрупување на турски воени сили на таа локација.
„Израел нема да дзволи на ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“ порача Кац и го предупреди турскиот претседател Ердоган да не ја тестира решеноста на Израел да се брани.
Дамаск и Анкара демантираа дека турски воени сили се натрупуваат на северозападот на Сирија кој беше бомбардиран од Израел.
Израелскиот опремиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди Турција да се воздржи од било какви воени активности во Сирија.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.