Израелскиот министер за одбрана на Израел Кац денеска изјави дека е убиен командантот на Иранската револуционерна гарда Алиреза Тангсири во напад во пристанишниот град Бандар Абасу, за време на состанок со високите команданти на морнарицата.

Израелските одбранбени сили го еломинираа командантот на иранската морнарица, човекот кој е директно одговорен за терористичката операција на поставување мини и блокирање на Ормутскиот теснец за поморски сообраќај, изјави Кац.

Тој додаде дека ова претставува порака до командантите на Иранската револуционерна гарда и дека тие ќе бидат ловени еден по еден.

Слични новости

Америка досега потроши 25 милијарди долари за војната во Иран

Америка досега потроши 25 милијарди долари за војната во Иран

Пентагон проценил дека досегашните трошоци од војната против Иран достигнале околу 25 милијарди долари, но во таа пресметка не е се вклучени евентуалните расходи за обнова на оштетените американски воени бази во регионот.