Претставниците на Велика Британија во Меѓународниот координативен центар за Газа се известени дека имаат седум денови да го напуштат Израел. Мерката е одговор на одлуката на Лондон со која се забранува било каква соработка со израелските населби на окупираниот Западен брег, јави израелскиот Канал 12.

Британскиот конзулат во Еруслаим ќе мора да прекине со работа во рок од 30 дена, а на британските дипломати стационирани во Рамала на окупираниот Западен брег, им е даден рок од седум дена да го напуштат Израел.

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека сега е најважно Британија да заземе јасен став, откако британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд најави мерки против израелските населби на окупираниот Западен брег.

Слични новости

Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того

Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того

Иранската револуциоенрна гарда соопшти дека нејзините сили погодиле танкер кој пловел под знамето на Того во подрачјето на Ормутскиот теснец.
Танкерот „Тренд“ бил погоден, а потоа преретнат откако на него избувнал пожар, се наведува во соопштението на Техеран.