Израел ќе продолжи да го напаѓа Либан и нема да се повлекува од југот на оваа земја, изјави министерот за одбрана Израел Кац, откако Либан и Израел се согласија на прекин на огнот, условен од прекин на нападите од страна на Хезболах.

САД објавија дека Либан и Израел се согласиле да спроведат прекин на огнот по состанокот во Вашингтон меѓу либанските и израелските претставници. Но, Хезболах, поддржан од Иран, не е страна во разговорите и сè уште не го коментирала договорот.

Командантот на силите Кудс на иранската Револуционерна гарда – кои го формираа Хезболах во 1982 година – рече дека „минималното барање на отпорот“ е повлекување на Израел од позициите што ги држеше пред почетокот на војната и пред израелските сили да го нападнат југот.

 

Слични новости

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.