Израелските одбранбени сили ИДФ соопштија дека ги почнаа оперативните подготовки за делумно повлекување на трупите од Појасот Газа, во рамки на спогодбата за примирје со Хамас.

Во соопштението на војската се наведува дека повлекувањето е во согласност со политиќките инструкции и проценката на ситуацијата и дека трупите се преместуваат на „прилагодените линии на распоредување“ пренесе Тајмс оф Израел.

ИДФ додаде дека нивните сили и натаму ќе останат присутни во регионот и дека се подготвуваат за секакви оперативни сценарија за време на спроведувањето наспогодбата за примирје.

 

Слични новости