Израел продолжува да бомбардира цели во иранскиот главен град Техеран, а Иран возврати со напади врз повеќе израелски и американски цели. Скај њуз пренесе дека иранската војска лансирала повеќе дронови со долг дострел кон резервоарите за гориво во воздухопловната база Рамат Давид во Израел.
Иранската државна агенција објави дека е погоден американски танкер за нафта во северниот дел од Персискиот залив кој е во пожар.
Во друг напад со ракети и дронови бил погоден аеродромот Нахчиван во Азербејџан кои предизвикале пожар, пренесе Ројтерс повикувајќи се на извори во азербејџанската влада.
Иран соопшти и дека го спречил обидот на прекугранични сепаратисти да влезат во Иран и дека наводно тие групи претрпеле тешки загуби.
Техеран објави и дека отпочнал бран ракетни напади врз американски и израелски цели, но овие информации не се официјално потврдени.
Слични новости
Израел соопшти дека ја продолжува војната во Либан против Хезболах
Начелникот на генералштабот на Одбранбените сили на Израел генерал Ејал Замир денеска изјави дека борбата против Хезболах во Либан е примарната зона на неговата војска.
Историски пад на довербата на Американците во Британија
Мнозинството Британци сметаат дека САД се „негативна сила во светот“, покажа новата анкета на агенцијата „Паблик Фирст“, спроведена за Лондоснката конференција за одбрана.
Вашингтон ја менува политиката на санкции
Американските медиуми објавуваат дека се очекува американската администрација неделава да ги продолжи ублажувањата на снакциите за руската нафта.


