Одбранбените сили на Израел ИДФ соопштија дека нивното воено воздухопловтсво ги бомбардираше постројките во Техеран кои произведуваат крстосувачки ракети од долг дострел.

ИДФ тврди дека постројките работеле под раководство на иранското министерство за одбрана и дека режимот ги користел за развој и производство на крстосувачки ракети од долг дострел, овозможувајќи брзо уништување на цели на копно и на море, пренесува Тајмс оф Израел.

Како што е наведено, нападите се изведени откако се добиени разузнувачки податоци кои биле доставени на воената разузнавачка служба.

 

Слични новости

Арагчи во Москва на средба со Путин

Арагчи во Москва на средба со Путин

Иранската државна новинска агенција ИРНА соопшти дека министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, слета во Санкт Петербург пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин.