Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека војната со Иран може да трае долго и ги повика офицерите да се подготват за продолжен конфликт.
Тој на состанок со Командата за заштита на цивилното население изјави дека Израел веќе две години се наоѓа во состојба на постојана вонредна состојба и дека се потребни истрајност и трпение.
Израелската војска меѓувреме соопшти дека во ноќен напад на морнарицата се убиени пет високи команданти на Исламската револуционерна гарда.
Според израелските информации, тие биле дел од силите Кудс и работеле во одделите задолжени за Палестина и Либан, каде наводно учествувале во финансирање, вооружување и разузнавачка поддршка на групите Хезболах и Хамас.
Слични новости
САД најавија блокада на иранските пристаништа
Од денеска САД ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.
Тиса на Петар Маѓар убедлив победник на изборите во Унгарија, Орбан падна по 16 години на власт
На вчерашните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петар Маѓар е спектакуларен победник, откако според првичните резутати на изборната комисија освои дури 138 места од 199-те места во парламентот и самата ќе има двотретинско мнозинство.
Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран
Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран, чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт.


