Тензиите на Блискиот исток не спласнуваат. Израелските воени авиони во текот на ноќта извршија воздушни напади врз градот Мансури на југот од Либан, а низ градот одекнувале силни експлозии. Освен тоа, израелските сили изведоа напади и врз градовите Хадата и Тири.
На почетокот од неделата либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека окончување на актуеланата ситуација на југот од земјата, односно повлекувањето на израелските трупи е клучно за обновата на Либан.
Засега Израел не најавува намера да се повлече од окупираните градови и села на југот од Либан, каде што се смета дека Хезболах сеуште има упоришта.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.