Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона, откако Хезболах почна со напади врз Израел на почетокот на овој месец во услови на војната со Иран.

Регионалната дивизија 91 „Галилеја“ почна рација доцна во саботата во источниот сектор на јужен Либан, при што војниците се соочиле и убиле неколку оперативци на Хезболах, соопштија денеска воени извори, пренесе Тајмс оф Израел.

ИДФ наведува дека операцијата е насочена кон проширување на „зоната на предна одбрана“.

Пред да навлезат војниците во областа ИДФ соопшти дека извршила масовни воздушни напади и артилериски гранатирања за „да ги отстрани заканите“.

Слични новости

Израел денеска продолжи да го бомбардира Техеран, Иран возврати со напади врз американски и израелски цели

Скај њуз пренесе дека иранската војска лансирала повеќе дронови со долг дострел кон резервоарите за гориво во воздухопловната база Рамат Давид во Израел. Иранската државна агенција објави дека е погоден американски танкер за нафта во северниот дел од Персискиот залив кој е во пожар.

Иранците уништија клучен американски воен радар вреден над милијарда долари

Најголемата поединечна загуба е системот за рано предупредување АН/ФПС-132 во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, вреден 1,1 милијарда долари, кој беше погоден со ирански проектил, за што дадоа потврда и катарските власти.