На Електронскиот национален регистер на прописи  (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

Станува збор за олеснување на административните постапки и возможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на ргани по смртта.

Министерот за здравство Алиу појасни дека целта на измените на законот е волјата на граѓаните да биде примарна, а системот потранспарентен и подоврелив.

Предвидено е и воведување национална листа која ја води Министерството за здравство во „Националниот систем за електронски евиденции во здравството“, како и други административно-технички доуредувања на законскиот текст.

 

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.