Избирачките места во текот на утрешниот ден ќе бидат отворени во 7 часот наутро па се до 19 часот, а ќе се гласа за градоначланици во 32 општини и Градот Скопје.

Во општините Аеродром, Карпош и Центар граѓаните ќе добијат по две ливчиња за градоначалник на нивната општина и град Скопје, додека во скопската општина Шуто Оризари, освен за градоначалници, на три избирачки места ќе има прегласување и за советничка листа, во сите останати општини ќе се гласа само за градоначланик.

Според Изборниот законик за конечен избор на градоначалник во вториот круг не е предвиден цензус, па така потребно е само да биде освоено мнозинството од гласовите на тие што гласале.

Во четири општини и тоа Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, ќе се повтори изборната постапка за избор на градоначалник бидејќи, во првиот круг не беше постигната излезноста од најмалку 33,33 % од запишаните гласачи. Изборите во овие општини ке се одржат одново, нивното повторно одржување треба да биде по објавувањето на конечните резултати од вториот круг, но не подоцна од 60 ден.

Во првиот изборен круг кој се одржа на 19ти октомври беа избрани градоначалници во вкупно 44 општини.

 

Слични новости

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило