Зоран Трајчевски ќе раководи со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години, откако доби поддршка од Советот на АВМУ за нов мандат.

Прес-службата на АВМУ попладнево соопшти дека Советот на ААВМУ денеска на седница одлучил во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води Зоран Трајчевски, кој е на оваа функција од 2014 година.

Трајчевски беше избран за директор на АВМУ на 12-тата седница на Советот на Агенцијата, одржана на 7 октомври 2014 година, а претходно беше директор на Агенцијата за електронски комуникации.

 

Слични новости

ВМРО ДПМНЕ го обвини Заев дека го брани нарко картелот во Македонија

ВМРО ДПМНЕ го обвини Заев дека го брани нарко картелот во Македонија

Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина