Анимираниот феномен „Зоотопиа 2“ на студиото Дизни и натаму урива рекорди. Викендов филмот заработи нови 4 милиони долари на Бокс Офисот во САД и сеуште е на шестото место, иако долго се прикажува.

„Зоотопиа 2’ стигна до заработка од 1,8 милијарди долари на Бокс Офисот и го претекна на вечната листа „Авенџерс : Бескрајната војна“.

Студиото Дизни има причини за славје, затоа што третото продолжение на Аватар: Огин и пепел на Џејмс Камерон по слабиот старт ја надмина бројката од 1,4  милијарди долари заработка и се искачи на 11-тото место на листата со најголема заработка на сите времиња.  

 

Слични новости

Оскари: Студиото Ворнер Брос со најмногу номинации за Оскар дури 30

Оскари: Студиото Ворнер Брос со најмногу номинации за Оскар дури 30

Големото холивудско студиот Ворнер Брос кое Нетлфикс сака да го откупи, заедно со многу богатата филсмка архива, годинава доби дури 30 номинации за оскар, што филмските критичари го опишаа како достигнување достојно „за да ви падне вилицата“.