Анимираниот феномен „Зоотопиа 2“ на студиото Дизни и натаму урива рекорди. Викендов филмот заработи нови 4 милиони долари на Бокс Офисот во САД и сеуште е на шестото место, иако долго се прикажува.

„Зоотопиа 2’ стигна до заработка од 1,8 милијарди долари на Бокс Офисот и го претекна на вечната листа „Авенџерс : Бескрајната војна“.

Студиото Дизни има причини за славје, затоа што третото продолжение на Аватар: Огин и пепел на Џејмс Камерон по слабиот старт ја надмина бројката од 1,4  милијарди долари заработка и се искачи на 11-тото место на листата со најголема заработка на сите времиња.  

 

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.