Зои Солдана го прославува фактот што стана актерка со најголема заработувачка на сите времиња, по успехот на Бокс офисот на филмот „Аватар: Огин и пепел“. Оскаровката на својот Инстаграм профил им се заблагодари на режисерите и сите други што и помогнале да го достигне овој успех.
Солдана ги надмина Скарлет Јохансон и Семјуел Џексон по третото продолжение на филмот Аватар кој досега заработи милијарда и 200 мииони долари. Таа глумеше во трите филма што имаат најголема заработка на сите времиња, вклучувајќи ги првите две продолженија на Аватар од 2009 и 2022 и „Авенџерс : Емд гејм“ од 2019.
Нејзиниот успех со блокбастерите се проширува и на „Чуварите на Галаксијата“ и трилогијата „Стартрек“. Филмовите во кои глумеше Џое Салдана на Бокс офисот заработија вкупно15,5 милијарди долари.
Слични новости
Хоророт „Self help“ и натаму прв на американскиот Бокс Офис
Прв на американскиот Бокс Офис од минатата недела е хоророт „Self help“ на режисерот Ерик Блумквист, со Ленди Бендер и Џејк Вебер во главните улоги.
„Меланија“ стана филм со најголеми разлики околу квалитетот меѓу публиката и критиката
Ротен томејтоус му дава скор од мизерни 6 проценти. Од друга страна публиката што го гледаше филмот (приврзаниците на Трамп) му дадоа на филмот скор од дури 99 проценти.
Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг
Новиот документарец „Диносаурусите“ на Нетфликс е во продукција на Стивен Спилберг, а нарацијата е на Морган Фримен. Визуелните ефекти и анимациите за „Диносаурусите“ ги изработи студиото на Џорџ Лукас


