На глобалниот пазар на благородни метали денес, златото продолжува да котира на високо ниво, што ја одразува зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на неизвесни економски индикатори.
Според најновите податоци на берзите, цената на златото достигна 4.594 евра за една унца, или 147 евра за еден грам 24 каратно злато.
Во услови на глобални кризи, инвеститорите главно ги пренасочуваат парите во сигурни инвестиции како што се племенитите метали.
Слични новости
Продолжуваат да растат цените на гасот и нафтата како последица на војната на Блискиот исток
Фјучерсите на европските цени на гасот во еден момент денес скокнаа на 61 евро за мегават-час, што е највисока вредност во последните три години, а цените на нафтата од типот Брент надминаа 84 долари за барел.
Голем пад на азиските берзи поради војната на Блискиот Исток
Најголемите загуби беа забележани во Сеул, каде што тргувањето заврши со пад на пазарот од 12 проценти, најголем пад во историјата. За два дена, референтниот индекс на Јужна Кореја изгуби повеќе од 18 проценти од својата вредност, додека валутата падна на најниско ниво во последните 17 години.
Цените на гасот во Британија пораснаа за 93 насто
Големопродажната цена на гасот во Велика Британија порасна за 93 насто од почетокот на војната на Блискиот исток. Скај њуз пренесува дека само денеска цената на гасот порасна за 32 насто


