Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

 

 

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран